Неочекуван проблем го спречил Мане да го прослави признанието во родниот Сенегал

salah-mane

Садио Мане вчера беше прогласен за Африкански фудбалер на годината, но не успеал да стигне на забавата организирана во негова чест во Дакар.

Во сенегалската престолнина бил подготвен пречек за фудбалерот на Ливерпул, на истиот требало да присуствува претседателот на државата и многу фанови, но Мане не успеал да стигне според однапред предвидениот план.

Мане го доби признанието во Каиро, а според планот, со приватен авион требало веднаш по церемонијата да отпатува во својата татковина.

Но, авионот не добил дозвола за прелетување на територијата на Тунис, па по неколку часа убедувања, фудбалерот решил да се врати во Англија, за од денеска да ги продолжи подготовките со соиграчите за дербито со Тотенхем.

– Мојот план беше да отпатувам во Сенегал за да им заблагодарам на сите мои сонародници кои ме поддржуваат, но за жал не успеавме да ја реализираме посетата, – открил Мане, кој им вети на Сенегалците дека свеченоста ќе се одржи во друг термин.

Facebook Коментари