Поврзете се со нас

Европски првенства

Неочекуван проблем: Еден фајтер помалку во составот на Лазаров за реванш пресметката со Данска

Објавено

на

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров нема да може да смета на еден од најважните репрезентативци за реванш пресметката со Данска која во недела ќе се игра во Алборг.

Во текот на вчерашниот ден Столе Стоилов се пожалил на болки по што веднаш биле извршени медицински прегледи и била донесена одлука тој да не патува за Данска.

Станува збор за стара повреда на рбетот со која Столе се мачел и пред вчерашниот натпревар во Скопје, меѓутоа вчера стиснал заби и под седативи го одиграл натпреварот. Сепак, за во Данска нема да биде подготвен и е ослободен од обврските за полесно да ја надмине повредата.

Вечерва ќе се одржи и последниот тренинг во „Борис Трајковски“, а утре репрезентативците ќе летнат за Алборг по уште едно изненадување.

Се очекува селекторот на репрезентацијата во текот на денешниот ден да соопшти дали ќе повика замена за Столе Стоилов или со истите сили ќе се патува во Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни