Поврзете се со нас

Италија

Неочекуван пресврт во Рим: Миленикот меѓу тифозите на Рома прифатил да се врати од пензија и да го води тимот!

Објавено

на

foto:x.com/CagliariCalcio

Рома во изминатите неколку часа најсериозно се поврзуваше со ангажмани на Роберто Манчини и Винченцо Монтела, но како што јавуваат угледните медиуми од чизмата, оваа вечер дошло до голем пресврт и на повидок е огромно изненадување.

Специјализираните телевизиски експерти информираат дека Клаудио Раниери прифатил да ја прекине пензијата за да ја води Рома до крајот на сезоната, опција со која семејството Фридкин би добило време мирно и долгорочно да размислува за следниот тренер.

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, Раниери оваа вечер отпатувал за Лондон кадешто ќе има средба со Дан и Рајан Фридкин, а планот е брзо да си подаде рака и да го преземе тимот кој влезе во резултатска криза со Иван Јуриќ.

Само за потсетување, Раниери реши да објави тренерска пензија откако го врати Калјари во Серија А и реши да му се посвети на семејството, но по се изгледа, сепак нема да може да одолее на понудата која ја добил од својата голема љубов.

Раниери е миленик меѓу фановите на Рома и веќе два пати го водеше првиот тим, па очигледно сега е пред промоција за трет мандат на „Олимпико“.

Искусниот Клаудио треба да биде четврти тренер на Рома во 2024-та година, бидејќи претходно откази заработија Мурињо, Де Роси и Јуриќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни