Италија
Неочекуван пресврт: Елмас ја одби Валенсија во последен момент и се враќа во Серија А!

Тоа што ексклузивно го најавуваа угледните германски и шпански извори во изминативе неколку дена, ова попладне на крајот доби целосно друг правец, откако Елиф Елмас реши да ја одбие Валенсија во последен момент, односно одлучи да избере опција која е многу посигурна со оглед на искуството кое го има во Серија А.
Иако Македонецот имаше дадено зелено светло за трансфер на „Месталја“ во вид на позајмица, ова попладне пристигнало до голем пресврт во операцијата, откако еден италијански клуб испратил формална и примамлива понуда за фудбалерот на Ред Бул Лајпциг.
Наместо да му биде соиграчи на Столе Димитриевски во Валенсија, Елмас на крајот одлучил да направи кам-бек во лигата која му е добро позната, и тоа бранејќи ги боите на Торино.
Италијанскиот клуб вклучил опција која повеќе му одговара и на Ред Бул Лајпциг како клуб, односно прифатил да биде вметната клаузула за откуп по крајот на првичната позајмица.
Според информациите, пресудно за менување на одлуката од страна на Елмас било познавањето на италијанскиот јазик и желбата да се врати во Серија А, па ако Елиф успее да се врати во најдобра форма во претстојната полусезона, Торино ќе има опција целосно да го откупи за 17 милиони евра.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…