Неочекуван напад на Червар: Да не бев јас, Македонија немаше да има репрезентација!

lino cervar idi tamu ne znam kade 2017

Во моменти кога сите сме во исчекување на европското ракометно првенство и настапот на нашиот национален тим, предводникот на хрватската репрезентација, Лино Червар испрати голема провокација до нас користејќи го конфликтот со Пепи Манасков.

Имено пред неколку денови македонската легенда даде интервју за „Балкан Хендбал“ во кое освен што посочи што за нас ќе биде успех говореше и за Лино Червар и враќањето во Хрватска.

-Желбите се едно, а можностите нешто друго. Лино е стар волк, ама мислам дека неговото време помина. Ова му е награда од ХРС. Најголемиот успех го има постигнато како селектор на Хрватска и ова му е благодарност за тоа на крајот на кариерата, да проба да го оствари она што не успеал, -истакна Манасков.

Ова секако стигна до Хрватска, допре до Лино кој пак удри ниско и порача:

– Мислам не треба да обрнуваме внимание на тоа. Се чудам зошто нашите медиуми тоа го објавија. Поради што? Да ме провоцираат, можеби да ме мотивираат? Јас сум еден од најтрофејните тренери на овој регион. Штета што овој човек кој имаше добра кариера, сега ништо не работи, па си зема за право да ги оценува другите. Тоа е лошо за спортот. Тоа не е поради мене, мене никој не може да ми наштети. Јас знам што имам направено, па и за Македонија. Тие немаа да имаат репрезентација јас да не работев со тие деца, -порача поранешниот селектор на Македонија.

Facebook Коментари