Неочекуван „напад“: Клатенбург погоден со шише во глава (Видео)

mark-klatenburg

Познатиот англиски судија, Марк Клатенбург, доживеа непријатна ситуација на натпревар од првенството на Саудиска Арабија каде тој ја дели правдата изминатиот период.

Поранешниот премиерлигашки и истакнат ФИФА судија бил погоден со шише во глава на средбата меѓу Ал Итифак и Ал Феини, но тоа не беше класичен инцидент во кој виновник би бил навивач. Еден од фудбалерите сакал да го погоди својот соиграч, а шишето завршило во главата на Клатенбург.

По коректното извинување, Клатенбург на шега се закануваше со доделување жолт картон.

Facebook Коментари