Поврзете се со нас

Германија

Неочекуван коментар од Ребиќ за еден противник: Сакав да го убијам…

Објавено

на

Хрватскиот репрезентативец и член на Милан, Анте Ребиќ се сети на една средба уште од времето додека настапуваше во Германија.

Неговиот Ајнтрахт Франкфурт го играше Куп финалето против Баерн Минхен, а ден пред финалниот натпревар се одвивала интересна конверзација меѓу играчите од двата тима.

Имено, Тијаго Алканатара се обидел да го испровоцира Кевин Принс Боатенг, а во тој момент присутен бил и самиот Ребиќ кој во интервју за „Газета дело Спорт“ истакна дека тогаш „баварците“ се обиделе да ги потценат.

– Кога ме потценија? Пред две години пред финалето во германскиот куп. Мојот Ајнтрахт играше против Баерн во Берлин.

– Пред финалниот натпревар двата тима трениравме на теренот на кој требаше да се игра натпреварот. Прво ние, потоа Баерн.

– Потоа се сретнавме со играчите на Баерн  и го слушнав Тијаго Алкантара како му вели на мојот соиграч Кевин Принс Боатенг дека тревникот е совршен и дека нема да ја допреме топката. Тогаш во себе си реков: -Можеби утре нема да победиме, но јас ќе ве убијам.

– На крајот победивме со 3:1, а јас постигнав два погодоци, -изјави Ребиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни