Поврзете се со нас

Свет

Неочекуван клуб се вклучи во трката за Суарез: Точно е, го контактиравме

Објавено

на

Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез ова лето ќе има нова средина откако претходно беше соопштено дека тој нема да го продолжува договорот со тимот на Атлетико Мадрид.

35 годишниот фудбалер во моментов ги разгледува опциите за продолжување на својата кариера, а на маса веќе има неколку примамливи понуди.

Последната понуда која ја добил Суарез е од Ривер Плата,  клуб кој во Суарез видел идеална замена за Жулијан Алварез кој си замина во Манчестер Сити. Дека има интерес потврди и претседателот на аргентинскиот клуб, Жорге Брито.

– Да, го контактиравме Луис Суарез и сега останува на него дали ќе ни се приклучи, -кратко изјави првиот човек на славниот аргентински клуб.

Инаку, Суарез претходно изјави дека сака да продолжи во европскиот фудбал, а интересно засега интерес за него има од Аталанта која по неуспешната сезона во Серија А ќе прави нов тим кој ќе ги врати во игра за место во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни