Поврзете се со нас

НБА

Неочекуван епилог: Неодамна потпиша за Бруклин, а сега ја заврши кариерата

Објавено

на

Бруклин Нетс сезонава имаат големи амбиции во НБА лигата, а едно од последните засилувања во составот беше Ламаркус Олдриџ.

Олдриџ пристигна во Бруклин во обид да им помогне на новите соиграчи да ја освојат титулата, имаше добри почетни настапи, но денеска откри дека ја завршува кошаркарската кариера.

Причина се проблеми со срцето, поради кои тој не сака да го ризикува животот. Натпреварот против Л.А Лејкерс тој го одиграл со неправилна работа на срцето, а вечерта завршил и во болница.

– Тоа што го почувствував таа ноќ беше најстрашното нешто во мојот живот.

– Досега секогаш ја ставав кошарката на прво место, но сега е време здравјето и семејството да бидат приоритет, – изјавил 35-годишниот Олдриџ.

Тој дебитираше во НБА пред 15 години откако беше избран како втор пик на драфтот од Портланд, а во 2015 година се пресели во Сан Антонио, за неодамна да стане член на Бруклин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни