Необични сцени: Вработените во хотелот плачеа при заминувањето на светските шампиони (Видео)

francuzi-igraci

Франција изминатава недела ја победи Хрватска во големото финале и по вторпат во својата историја стана светски фудбалски шампион, достигнување кое ги израдува фановите и јавноста во оваа земја, но од друга страна пак, ги расплака вработените во хотелот во кој беа сместени „триколорите“.

Адил Рами откри дека дел од играчите предизвикале вистински хаос во хотелот поради што сите морале да бидат извадени надвор од собите, но и покрај тоа, сцените кои се појавија на интернет ни укажуваат на тоа дека француските фудбалери создале навистина посебна и пријателска врска со вработените во хотелот.

Најголемите француски ѕвезди покажаа класа и се поздравија со вработените, а дел од нив и ги тешеа и им порачуваа да не плачат по нив…

Facebook Коментари