Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Необичната реакција на Чоло по големата пенал утка на Лаутаро (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид успеа да се врати од двојна негатива и да се избори за продолженија на „Метрополитано“, а на крајот ад победи во пенал рулетот и да го елиминира Интер во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Поради прикажаната игра и формата на двата тима, Интер влезе како голем фаворит за пласман меѓу осумте најдобри, но на крајот таму се најде четата на Чоло Симеоне, кој повторно остана горд на своите фудбалери, но и навивачите на „Метрополитано“.

Во завршницата од мечот, Аргентинецот реши да не гледа ниту еден од ударите и воопшто не го испрати пенал рулетот, па од трибините пристигна видео од неговата необична реакција по промашениот пенал на Лаутаро.

Симеоне обично бурно реагира по остварување на секоја голема победа, но овојпат му требаше време да се прибере и наместо да слави, се упати кон клупата и седна на столче.

– Не ги гледав пеналите, досега не ми одеше баш добро кога ги гледав. Облак беше извонреден, кога тој е на највисоко ниво, тешко е да не оставриме победа. Пресреќен сум за играчите, но најмногу за фановите. По поразот од Кадис, реков дека не барам ништо од нив за овој меч со Интер, а тие одговорија на нестварен начин.

– Не притискаа во секој момент и стоеја зад тимот и затоа сум посебно горд. Овој тим не се откажува, секогаш покажува од што е создаден и повторно сме дел од најдобрите осум екипи во Европа, – изјави Симеоне кој подоцна имаше време и да го утеши Лаутаро за нереализираниот пенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни