Необична ситација: Милвоки ќе има два братски тандеми во наредната сезона

Thanasis Giannis Antetokounmpo

Ретко се случува двајца браќа да играат во една кошаркарска екипа, но кога пак ќе имате два братски тандеми тоа дефинитивно е момент за паметење и историја.

Токму пред така ситуација е еден од најдобрите екипи во НБА лигата, Милвоки Бакс која како што сега стојат работите ќе ги спои браќата Лопез и браќата Адетокумбо. Пред неколку денови стигна веста дека Робин ќе му се приклучи на Брук во Бакси, а пак сега најновите информации говорат дека Јанис ќе добие друштво, своја крв во името на Танасис.

Танасис е постар брат на првата ѕвезда на Бакси, играч кој претходниве две години ги мина во редовите на евролигашот Панатинаикос. Според дел од американските медиуми, Танасис и финалистот на Истокот си подале рака за двегодишен договор.

Инаку досегашниот играч на Панатинаикос беше 51 пик на НБА драфтот во 2014 година и тоа на Њујорк Никс, но никогаш не ја доби посакуваната шанса, па во 2016 се врати во Европа за да сега му се отвори нова прилика за да се докаже во најсилиот кошаркарски шампионат на светот.

Facebook Коментари