Необичен ритуал: Новото засилување на Барселона зачекори бос на „Камп Ноу“ (Видео)

mina

Барселона денеска пред навивачите го претстави најновото засилување, дефанзивецот Џери Мина кој од бразилски Палмеирас пристигна за сума од 11,8 милиони евра.

Стоперот ги направи првите чекори на „Камп Ноу“ но воедно го исполни својот стандарден ритуал со кој покажа почит кон новиот клуб. Имено тој пред да излезе на тревникот ги соблече обувките, чорапите и ги поздрави навивачите и медиумите.

Facebook Коментари