Нено во полн сјај: Димитријевиќ си играше со Клоф, погоди тројка и од девет метри (Видео)

nenad dimitrijevic

Македонскиот кошаркарски бисер, Ненад Димитријевиќ се прикажа во одлично светло на пријателската средба против Мурсија на која неговиот Хувентуд славеше со 87-79.

Нено беше во елемент, играше во полн сјај и со 20 поени, 4 скока и 4 асистенции беше најдобар поединец. Плејмејкерот комплетно го надигра довчерашниот член на МЗТ Скопје, Шарлон Клоф (11 поени), односно го исфрустрира со своите потези и тројки.

Димитријевиќ  погоди пет тројки од седум обиди од која една беше од девет метри, стрелаше два од три за два, а најголем проблем беа слободните и имаше еден од три.

Во продолжение погледнете ја мајсторската партија на нашиот репрезентативец.

Facebook Коментари