Поврзете се со нас

Свет

Нено направил радикален чекор за „трансфер од соништата“: Димитријевиќ на пат кон Валенсија

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ блесна со сиот свој сјај во редовите на Хувентуд и се прокламираше како еден од најголемите таленти во Ендеса лигата, но како што стојат работите, клубот од Каталонија веќе се покажува како се „помал залак“ за големата македонска надеж.

Угледните медиуми од Валенсија денеска информираат дека популарниот Нено направил радикален чекор во обидот да направи голем чекор напред во кариерата, такашто и официјално го одбил договорот за продолжување на договорот кој го добил од Хувентуд.

Познатото радио „99,9 Валенсија“ тврди дека македонскиот репрезентативец ќе стане нов член на тимот кој оваа сезона беше домаќин на фајнал-фор турнирот во Шпанија, и тоа ќе добие договор кој е драстично финансиски поатрактивен од оној кој му го нуди Хувентуд.

Споменатиот извор потенцира дека Димитријевиќ ќе добива годишна плата од 500 илјади евра, а Валенсија за трансферот ќе му плати на Хувентуд 300 илјади евра.

– Не може да сметаме на играчи на кои главата им е на друго место. Тоа што се случи во минатото останува минато, треба да мислиме на она што не чека, – изјави тренерот на Хувентуд, Карлес Дуран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни