Шпанија
Немоќниот Рамос направи резиме на сезоната по елиминацијата на Реал Мадрид (Фото)
Поради црвениот картон заработен на првиот меч во Мадрид, Серхио Рамос не можеше да им помогне на своите соиграчи на вчерашното гостување на Манчестер, а неговото отсуство беше и тоа како евидентно на теренот, бидејќи гостите од Шпанија изгледаа крајно дезоириентирано во одбрана.
Рафаел Варан направи две кардинални грешки и му подари два гола на Сити кои се покажаа како пресудни за втор пораз од англискиот вицешампион, а во немоќ да направи нешто на теренот, Рамос со охрабрувачки пораки се обидуваше да ги мотивира своите соиграчи, но и на крајот да се помири со поразот.
Денеска, капитенот на Реал Мадрид направи резиме за сезоната која и официјално заврши за „кралевите“.
– Заврши една нетипична и чудна сезона, сезона која беше тешка за сите. Чувствуваме горчив вкус, бидејќи ние сме Реал Мадрид и должни сме да освоиме се. Сепак, треба да се вреднува титулата во Ла Лига, како и онаа во Супекупот, но сепак ја завршуваме сезоната тажни поради елиминацијата во Лигата на шампионите.
– Сакавме повеќе. Сега останува да одмориме и да се вратиме посилни наредната сезона. Овој грб и оваа историја секогаш заслужуваат максимум од секој нас. Во победата и во поразот. ХАЛА Мадрид. Ви благодарам за вашата поддршка, дури и вака од дистанца, – гласи пораката која им ја испрати Рамос на фановите.
-
Македонијапред 15 часа
Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа
-
Лига на шампионипред 21 час
Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!
-
Англијапред 20 часа
Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него
-
Англијапред 19 часа
Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим
-
Германијапред 7 часа
Муслиу со гол со глава ја завери победата на Падерборн (ВИДЕО)
-
Балканпред 21 час
Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)
-
Италијапред 19 часа
Пиоли џентлменски по елиминацијата на Милан: Подобриот тим е во полуфиналето
-
Шпанијапред 9 часа
Озил ја „закачи“ Барселона: Тие се виновни што Ел Класико не е најголемиот натпревар во светот, мора да престанат…