Поврзете се со нас

Олимписки игри

Немилосрдниот Хансен со рекордно гол-шоу ја растури Шпанија, Данска ќе го брани олимпиското злато во финалето

Објавено

на

Микел Хансен е симбол за ракометна моќ кога настапува за националната селекција, а тоа го докажа и ова попладне во второто полуфинале на Олимписките игри во Токио.

Идентично како на стартот на оваа година на Светското првенство, како подобри се покажаа скандинавскиот тим кој игра во неверојатна форма на најголемите натпреварувања, со тоа што во фокусот денеска беше неверојатниот Хансен кој покажа страшна немилосрдност која му донесе и нов рекорд.

Откако пред неколку дена стана најдобар стрелец во историјата на Олимписките игри, од денеска е и играчот кој постигнал најмногу голови на еден натпревар на една Олимпијада, бидејќи броеше дури до 12 на пресметката со Шпанците.

„Фуријата“ немаше решение за данскиот „бомбардер“ кој постигнуваше голови од голема далечина, а со последниот 12-ти на мечот со кој ги постави конечните 27:23, го надмина и досегашниот рекорд на Генсхајмер кој имаше постигнато 11 гола на еден олимписки натпревар.

Интересно, покрај Хансен, во данскиот состав голови постигнаа уште само тројца ракометари, односно Гидсел 5, Менсах 4 и вториот Хансен 2. Данска во големото финале ќе го брани олимпиското злато, а противник ќе и биде селекцијата на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни