Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Немилосрдниот Баерн ја надигра Барселона и ја испрати во Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен немаше никаков императив да брка победа, но се покажа во немилосрдно издание како и обично, докажувајќи дека во овој момент е за неколку класи подобар тим од оној на Барселона.

Чави Ернандес потенцираше дека на Барселона не и е потребно чудо за да победи во Минхен, но токму таква делуваше ситуацијата на теренот, каде Баерн изгледаше како тим кој рутински си ја извршува задачата против една плејада на млади фудбалери кои допрва треба да се докажуваат.

Головите на Милер и Сане во првото полувреме беше најава за колапсот на каталонскиот гигант, кој во вториот дел само капитулираше со уште еден примен гол во својата мрежа, по што стана јасно дека нема што да бараат на „Алијанц арена“.

Мусиала погоди по додавање на упорниот Дејвис, а Барселона не успеа да се прости ниту со почесен гол од актуелното издание во Лигата на шампионите.

Поразот од 3:0 значи дека Барселона продолжува во Лигата на Европа, натпреварување во кое нема играно од далечната 2004-та година (тогаш се викаше Куп на УЕФА). Баерн како првопласиран ќе чека противник во нокаут рундата, а втора во оваа група завршува Бенфика која го победи Динамо Киев со 2:0.

Вечерва, конечна разврска се доби и на групата Г, во која како победник излезе Лил, а во осминафиналето се најде и Салцбург. Како и обично, својата шанса за трофеј во Лига Европа ќе ја бара Севилја која заврши трета, а четврт заврши Волфзбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни