Поврзете се со нас

Репрезентација

Нема време за одмор и детални анализи: Македонските фудбалери отпатуваа за Рејкјавик (Фотогалерија)

Објавено

на

Благоја Милевски го стартуавше со реми својот мандат како селектор на најсилната македонска репрезентација, која сепак нема доволно време за одмор и анализи со оглед на згуснатиот распоред во овој квалификациски прозорец.

Неполни 24 часа по нерешениот исход против Ерменија, македонската експеција се упати кон аеродромот во Скопје и се е подготвено за заминување во Рејкјавик, каде не чека нов голем предизвик на патот кон фудбалскиот мундијал.

Македонските репрезентативци предводени од Милевски и неговиот стручен штаб се чекираа за гоствуањето кај Исланд, кое треба да даде први посериозни одговори за новиот изглед на реновираниот тим.

Нашата селекција вчера имаше голема иницијатива против Ерменија, но во ниту еден момент не успеа да ја материјализира со посериозна шанса, а првата прилика за подобро издание фудбалерите ќе имаат за два дена во Рејкјавик.

Избраниците на Милевски отпатуваа на планираното гостување, од кое сите се надеваме дека ќе се вратат со позитивен резултат пред последниот натпревар во месец септември, оној против Романија на домашен терен на 8-ми наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни