Поврзете се со нас

Репрезентација

Нема време за еуфорија: Македонија ги насочи мислите кон Естонија (Фото)

Објавено

на

По вчерашното феноменално залагање и исцрпувачка и беспоштедна битка до последната минута, дел од репрезентативците имаа релаксирачки тренинг, на кој селекторот Игор Ангеловски секако почна да ги подготвува играчите за двата натпревари што следат.

Самиот Ангеловски на вчерашниот прес нагласи дека еуфоријата од победата против Косово не може да трае предолго, бидејќи следат два натпревари од второто издание во Лигата на нации, од кои прв е оној во Талин.

Македонија в недела ќе и гостува на Естонија на нејзин терен, натпревар на кој нашата селекција секако има фаворитска улога, но на кој не се исклучува можноста да добијат шанса и играчи кои обично добиваат шанса од клупата.

Селекторот Ангеловски сигурно нема да може да смета на Егзјон Бејтулаи кој се повреди вчера, како и на Висар Муслиу кој сега ќе мора да ја одработи казната за добиениот црвен картон во Тбилиси.

Поради повредата, првиот нема да може да настапи на вториот меч против Грузија кој се игра во Скопје, додека Муслиу ќе ја одработи суспензијата и ќе стои на располагање за дуелот кој е закажан за 14-ти октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни