Поврзете се со нас

Македонија

Нема веќе непоразени во македонската кошарка: Сензационалниот ТФТ го пронајде рецептот за Пелистер

Објавено

на

ТФТ Скопје воодушевува со своите изданија во македонската кошарка во својата прва премиерна сезона во најсилното друштво, па понесен од двата последни добри резултати во домашното првенство, тимот од Тафалиџе најде лек и за досега непоразениот тим во Првата лига.

Македонската кошарка од денеска не знае за непоразени тимови во најсилниот шампионат, откако составот предводен од тренерот Боро Смилковски пронајде рецепт за екипата на Пелистер која мораше да се помири со првиот неуспех од стартот на домашното првенство.

ТФТ Скопје влезе во денешниот меч на домашен терен со две акумулирани победи против Гостивар и Еуро Никел, па поради тоа, самодовербата беше на највиско ниво и тоа можеше добро да се забележи на паркетот.

Тоа особено беше осетно во третиот период во кој всушност се реши прашањето околу победникот, откако претходно првото полувреме заврши со минимална предност на гостите од Битола со 46:47.

Домашните кошаркари едноставно ги разнесоа противниците во првите 10 минути од третата четвртина и истата ја добрија со 30:13, позитива која се покажа како недостижна за битолчани.

Последниот период беше вистинска рутина и ТФТ љубоморно го бранеше водството, па на крајот со конечни 97:82 му го нанесе првиот пораз на Пелистер и се искачи на третото место на табелата со третата победа во низа. Андерсон со 23 поени беше прво име во ТФТ, следен од Николов кој беше одличен со 21 поени, додека Смит го заврши мечот со 18 поени. Кај Пелистер, Американецот Вилијамс беше најефикасен со 21 поен.

На останатите три средби кои се играа денеска, ФМП славеше на гостувањето кај Црн Дрим со 65:86, Кожув по продолжение го победи Вардар со 86:82, а Гостивар беше подобар од Куманово со 91:83.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни