Нема веќе непоразени во македонската кошарка: Куманово пронајде лек за Работнички

krstevski-mirakovski

По одгирувањето на третото коло во Суперлигата, повеќе нема непоразени тимови во македонската кошарка, откако кошаркарите на Куманово успеаја да му го нанесат првиот неуспех на Работнички оваа сезона.

Во крајно неизвесен и израмнет натпревар, кумановци се покажаа како подобри за драма завршница, па така поените на Александар Штерјов на 14 секунди пред крајот се покажаа како клучни за конечните 83:82. Работнички не успеа да го искористи својот последен напад за победа кој го имаше преку Караџовски, а вреди да се потсети дека претходно не искористи и предност од 16 поени разлика која ја имаше во текот на втората четвртина. Херојот Штерјов со последниот блесок стигна до 14 поени на мечот, а во Куманово феноменални беа и Јанески со 27, односно Караколец со 15 поени. Во Работнички, Мираковски со 20 поени беше најдобар поединец.

 

На останатите два натпревари, МЗТ лесно го победи Гостивар со 95:74, а Блокотехна немаше проблеми на гостувањето во Охрид каде славеше со 80:105.

Facebook Коментари