Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Нема веќе непоразени тимови: Куманово го преслуша Академик на домашен терен

Објавено

на

Куманово ги чуваше силите на мечот против Пелистер на кој жестоко настрада пред два дена, но затоа денеска го одигра можеби и најдобриот натпревар во сезоната, нанесувајќи му го првиот пораз на досега недопирливиот Академик Пловдив.

Македонскиот претставник ја забележа втората победа во БИБЛ лигата, откако денеска максимално сериозно ја одработи задачата на теренот, комплетно неутрализирајќи го противникот кој пристигна во Куманово со биланс од шест победи на шест натпревари.

Избраниците на Мирковски беа навистина ангажирани и на полувреме заминаа со предност од 53:31, што беше повеќе од добра најава дека веќе нема да има непоразен тим во групата.

Иако ја загуби третата четвртина, Куманово ја одржуваше високата предност и тоа продолжи и во завршниот период, по што на крајот резултатот гласеше конечни 86:71.

Во високиот триумф, втор по онај на ТФТ, посебно се истакна Горјан Марковски кој постигна дури 27 поени, Рејли Рос уфрли 19, додека Андрејевиќ постигна 15.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни