Нема услови да се одржат: Одложени се ЛОИ во Токио!

tokio igri

Ова лето Токио требаше да биде домаќин на Олимписките Игри, но поради коронавирусот овој голем спортски настан нема да се одржи оваа година.

Истите се одложени за 2021 година и тоа по состанокот кој го одржаа премиерот на Јапонија, Шинзо Абе и претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах.

-Јас предложив да се одложат за една година, а претседателот Бах 100 проценти се согласи со тоа. Ова ќе овозможи спортистите да бидат во најдобра состојба и ќе го направат настанот сигурен и безбеден за гледачите, -истакна премиерот Абе.

Параолимписките игри исто се одложени за 2021 година.

Инаку ова е првпат во 124 годишната модерна историја да се одложат ОИ иако мора да се нагласи дека беа откажени во три наврати 1916, 1940 и 1944 година за време на двете светски војни.

Facebook Коментари