Нема спас за Модриќ: По проблемите со Реал, и шпанскиот суд му се ,,залепи”

luka-1

За Лука Модриќ нема бегство од проблемите. Откако не успеа да направи премн во редовите на Интер и беше „забетониран” на клупата за резервни играчи, сега се соочува со нови проблеми.

Според „Мундо Депортиво“, обвинителството на Шпанија покренала истрага за затајување на данок. Во предметот, кој го започнало обвинителството Модриќ ќе биде гонет за неговото пристигнување во Реал Мадрид пред точно 6 години, а се однесува на затајување данок во износ од 1.2 милиони евра. Затајувањето на данокот се однесува за цела година, иако во тој период само 4 месеци настапувал за ,,кралскиот клуб”, а наредните 8 месеци го носел дресот на Тотенхем. Меѓутоа примањата стигнувале во Мадрид.

За Модриќ имаше и претходно отворен случај дека во 2013 и 2014 година затаил скоро 1 милион евра со префрлање на парите во фиктивна фирма во Луксембург, по принципот кој го правел поранешниот негов соиграч Роналдо.

Facebook Коментари