Поврзете се со нас

Македонија

Нема ракомет: РФМ ја стави во мирување групата А од Суперлигата!

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија донесе експресна одлука и ја стави во мирување групата А од Суперлигата.

Позитивни случаи на Ковид-19 во Голден Арт КЛ7, целиот тим замина во изолација

Ова е реакцијата на РФМ по веста дека суперлигашот Голден Арт КЛ7 има 16 позитивни случаи на КОВИД-19, па во консултација со надлежните органи е донесана одлука да нема мечеви во групата А во наредните 15 денови.

Ова значи дека Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Охрид, Радовиш и Тинекс Пролет ќе мораат да одмараат во наредните 15 денови, да немаат натпревари, период по кој РФМ ќе организира повторен скрининг за продолжување на натпреварувањето.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни