Нема предавање: Чудото на Федерер против Милман (Видео)

rocko

Рожер Федерер беше сигурен во првите два натпревари на Австралија Опен, но денеска против Џон Милман едноставно се провлече и обезбеди пласман во осминафиналето во Мелбурн.

Швајцарскиот ас беше пред елиминација со оглед на тоа што во супер-тајбрејкот губеше со 8-4 против домашниот тенисер на кого му беа потребни само уште два поени за да ја оствари најголемата победа во кариерата. Меѓутоа Федерер уште еднаш потврди дека е класа, страшен играч и со серија од 6-0 дојде до 10-8 за конечно славје од 3-2 во сетови и 100. победа на Австралија Опен.

Погледнете го феноменалниот пресврт на маесторто од Базел.

Facebook Коментари