Поврзете се со нас

Германија

Нема повеќе дилеми: Симонс одлучил каде ќе игра во новата сезона

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Холандскиот репрезентативец, Хави Симонс донел одлука околу тоа за кој клуб ќе настапува во натпреварувачката 2024/2025.

Тој е под договор со Пари Сен Жермен, меѓутоа офанзивецот не сакаше да остане во Париз и токму поради тоа се бараше решение кое ќе донесе нова позајмица за некогашниот член на Ла Масија.

Повеќе клубови го меркаа Симонс, Баерн Минхен, тимови од Премиер лигата, одреден период се спомнуваше и Барселона, ама тој и во новата сезона ќе му биде соиграч на нашиот Елиф Елмас.

Тој одигра 43 мечеви за виковите во претходната година и забележа дабл-дабл ефект од 10 голови и 15 асистенции.

Медицинските тестови се закажени за следната седмица кога треба да се официјализира оваа операција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни