Англија
Нема повеќе дилеми: Гвардиола донел одлука за неговата иднина во Сити
Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола влезе во последната година од актуелниот договор со премиерлигашот Манчестер Сити кој официјално му завршува во јуни 2025, па токму поради ова има доста дилеми за неговата иднина на „Итихад“.
Тој од 2016 години ги води „граѓаните“ кои пред некое време останаа без мозокот, главниот виновник што Гвардиола дојде во синиот дел на Манчестер, Чики Бегиристајн. Ако на ова се додаде и процесот кој се води против Сити и потенцијалната казна што клубот може да ја заработи поради кршење на финансискиот фер плеј, тогаш сосема очекувано е да се поставуваат прашања за шпанскиот стратег и тоа дали ќе продолжи да ја извршува сегашната функција и по 2025 година.
Во повеќе наврати Пеп потенцираше дека ќе донесе одлука и таа ќе биде соопштена за да сега „Фудбал Инсајдер“ од свои извори да донесе дека менаџерот пресекол и ќе потпише нов договор. Се работи за нова соработка за плус една сезона до 2026, наводно 99 проценти е се договорено и се очекува само официјално да биде потврдено.
Ако овие информации се покажат како точни стратегот од Каталонија ќе заокружи токму една деценија како предводник на Сити.
-
Свет20 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ му продаде маалска финта, Кари се „изгуби“ на теренот (Видео)
-
Македонија22 часа
Легендарната Кастратовиќ ќе биде втор македонски член во „Куќата на славните“ (Фото)
-
Шпанија20 часа
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Англија23 часа
Гвардиола го разјасни својот однос со Де Брујне: Точно е, не сакам да игра…… (Видео)
-
Шпанија21 час
Симпатично видео од Шпанија: Двајца млади фанови на Осасуна водеа битка за еден дрес и станаа вирален хит
-
Италија22 часа
Одговорниот човек за лекарскиот тим на „Артемио Франки“ откри како му бил спасен животот на Бове
-
Лига на шампиони11 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола