Поврзете се со нас

Репрезентација

Нема повеќе да игра за Македонија: Адеми поради лични причини ја заврши репрезентативната кариера

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација нема повеќе да може да смета на услугите на искусниот играч за врска Аријан Адеми.

Членот на Динамо Загреб го информирал селекторот Благоја Милевски дека поради лични причини одлучил да ја заврши репрезентативната кариера. Ова секако е лоша вест за нашата селекција со оглед на тоа што Адеми беше значаен дел од истата во изминативе години и имаше огромна улога и во историскиот пласман на Македонија на Европското првенство.

Попиларниот Аки ќе добие шанса соодветно да се збогува со националниот тим со тоа што останува дилемата дали ќе биде против Хрватска во јуни или на првиот домашен меч во Скопје.

-Списокот ќе биде поширок во однос на квалификациите, ќе има 27 или 28 фудбалери. Поради повреда ќе го немаме Исник Алими. Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје, -истакна Милевски.

Воедно селекторот Милевски обелодени дека за престојните дуели со Молдавија и Црна Гора ќе бидат повикани 27-28 фудбалери кои ќе добијат шанса да се докажат, изборат за своето место пред предизвиците во Лигата на нации.

-Не случајно ги избравме Молдавија и Црна Гора, мислам дека се работи за сериозни противници, неспорно дека се квалитетни затоа што имаа одлични квалификации. Ќе ни послужат за да знаеме во кој правец се движиме и да видиме во каква форма сме.  Императив за овие два меча ќе биде да се извлече максимумот, а акцентот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, -порача предводникот на нашата селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни