Поврзете се со нас

Европски првенства

Нема одмор за капитенот: Роналдо ќе ја предводи Португалија на мечот со Грузија

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Репрезентацијата на Португалија си ја заврши својата работа и обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство, односно денешниот меч против Грузија е добра можност за селекторот Роберто Мартинез да им даде шанса на играчите со помала минутажа, поточно оние кои досега беа во втор план.

Меѓутоа ќе има и првотимци во почетната единаесетка и тоа го потврди самиот Мартинез порачувајќи дека капитенот Кристијано Роналдо ќе ја има улогата на лидер.

-Можам да кажам дека капитенот ќе биде во стартните единаесет. Важно е да игра, одигра само еден подготвителен натпревар, имаше многу константна сезона, играше на секој натпревар, имаше многу минутажа и мислам дека за да продолжиш со натпреварувачкиот ритам не е добро да застанеш па повторно да се активираш за шест дена. Капитенот и Диого Коста се двајца играчи кои се во стартните единаесет, -порача предводникот на португалската селекција.

Ова дефинитивно ќе биде можност за Кристијано да го постигне својот прв гол на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни