Нема одбрана за ова-мајстории кои ќе се паметат: Магичната „шрауба“ на Столе, брилијантниот цепелин на Георгиевски и Лазаров (Видео)

stoilov pred wiencek vs germanija

Македонија со нова одлична партија повторно не израдува, поточно со ремито против бранителот на пехарот Германија го обезбедивме првото место во групата Ц и во наредната фаза во Вараждин пренесовме три бода.

Средбата во Загреб беше пеколно тешка и исцрпувачка, но воедно имаше магични потези и мајстории кои беа дело на нашите асови Стојанче Стоилов со неговата шрауба и двоецот Гоце Георгиевски-Кирил Лазаров кој со фантастичен цепелин ги поздрави „панцирите“.


Facebook Коментари