Нема одбрана за ова, Леброн како локомотива: Од кош до другиот кош со моќно забивање за ерупција (Видео)

Екипата на Кливленд Кавалирс игра лошо во изминатиов период со тоа што единствена светла точка е нивната најголема ѕвезда Леброн Џејмс кој постојано е ефикасен, дели асистенции, собира скокови, ама нема соодветна поддршка од соиграчите.

Така беше и на средбата против Индијана Пејсерс на која „кралот“ беше најдобар поединец со 27 поени, 11 асистенции, 8 скокови, ама тоа не се покажа како доволно за славје на Кавси во Индијанаполис.

Меѓутоа ако може да биде утеха Леброн го има потегот на денот во НБА и тоа откако во свој стил тргна незапирливо, го мина целиот терен и со атракција ја заврши соло акцијата за ерупција на неговите соиграчи.

Facebook Коментари