Поврзете се со нас

Македонија

Нема непоразени во Првата лига: Чаир ја доби драмата во „Кале“ и го урна ТФТ по продолжение

Објавено

на

Foto:facebook.com/kbcair2030

Екипата на Чаир се навикна да победува во продолженија во последно време, па откако пред два меча го шокираше МЗТ Скопје, денеска се погрижи за драма и на мечот кој се одигра во „Кале“.

Гостите играа против единствениот непоразен тим во Првата лига по шест одиграни кола, но седмиот беше несреќен за избраниците на Боро Смилковски.

ТФТ влезе со максимален учинок на шест меча и одлично отвори и денеска, па иако по првиот дел се чинеше дека е на добар пат да оствари победа, работите се закомплицираа во продолжение.

Домашниот тим водеше 44:31 на полувреме и никој не можеше да насети прв сезонски пораз, но на крајот дојде до такво нешто после голема драма.

ТФТ имаше предност од 82:79 на 12 секунди пред крајот и беше пред седма победа, но Ролинс погоди тројка во самиот финиш и го однесе мечот во продолжение.

Американците од редовите на Чаир беа поумешни и посконцентрирани во дополнителните минути и се погрижија за минимална победа од 92:94, епилог кој го носи денешниот гости на првото место на табелата со учинок од шест победи и еден пораз.

Ролинс со 28 и Кирк со 24 поени беше најефикасени кај Чаир, извонреден беше и Мофит со дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови, додека шутерски најрасположен беше Говенс од редовите на ТФТ кој го заврши мечот со 31 поен зад своето име.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни