Поврзете се со нас

Европски првенства

Нема најава за промени: Македонија во Букурешт и Амстердам ќе игра на ЕП

Објавено

на

Македонија обезбеди историски пласман на Европското првенство на кое во групната фаза ќе ги одмериме силите со Австрија, Украина и Холандија.

Според сегашниот план ние дуелите со Австрија и Украина треба да се соочиме во Букурешт (Романија), додека пак со „лалињата“ да играме на нивен терен во Амстердам. Меѓутоа во медиумите се појавија информации дека УЕФА размислува за промени поради пандемијата со короавирусот, поточно шампионатот да се одржи на островот во Велика Британија.

Македонија може да не игра во Букурешт и Амстердам, Европското би можело да се одржи на Островот

Сепак тие шпекулации не се точни и тоа го потврдија од Европската фудбалска федерација (УЕФА).

-УЕФА има намера да го одржи ЕП во форматот и местата потврдени претходно оваа година и ние работиме постојано со сите градови домаќини на подготовките. Со оглед на неизвесностите околу Ковид – над кои ниту УЕФА, ниту локалните организаторски тела немаат контрола – во моментов е рано да се каже дали тие мечеви во јуни и јули ќе имаат ограничувања за навивачите.

-Напорите на УЕФА во моментов се насочени кон планирање на турнир во сите 12 места со навивачи. Одлуките спротивни на тој план можат да бидат донесени  доколку е потребно, но во моментов не се планира да се смени местото на настанот, -порачаа од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни