Нема место за него: Реал ќе се ослободи од играчот за кого плати 45. милиони евра

kubo-rodrigo

Зинедин Зидан се обидува да изгради екипа со која Реал Мадрид повторно ќе го врати на победнички патеки како во Шпанија така и во Европа, но повеќе од јасно е во моментов има на располагање повеќе играчи од потребното, па заедно со клубот се обидува да пронајде сооветни решенија.

На позајмица во Мајорка беше испратен талентираниот Такефуша Кубо, а последните информации кои доаѓаат од Шпанија говорат дека таква судбина го чека и 18-годишниот Родриго Гоеш. Бразилецот за 45 милиони евра од Сантош дојде до Реал, но во моментов конкуренцијата е голема и најверојатно оваа сезона ќе ја мине во Еспањол.

Клубот од Каталонија остана без Борха Иглесијас кој се пресели во Бетис, па Родриго би бил добро решение, засилување за напаѓачката линија. Реал веќе има добро искуство со прашање на играчи за позајмица во Еспањол, успешни епизоди имаа Марко Асенсио и Лукас Васкез, односно потоа се вратија посилни на „Сантијаго Беранбеу“.

Facebook Коментари