Поврзете се со нас

Свет

Нема место за Лазаров: Легендарниот Кречмар ги одбра најдобрите пет ракометари на сите времиња

Објавено

на

Славниот германски ас, Стефан Кречмар направи топ пет листа на најдобрите ракометари на сите времиња.

Со оглед на тоа што Европското првенство е актуелно и се поблиску сме до самата завршница, борбата за медали, Кречмар ја искористи оваа прилика и направи свој избор на најквалитетната петка во историјата на оваа игра.

Во неговиот избор немаше место за нашиот Кире Лазаров или Микел Хансен, но затоа тука е Никола Карабатиќ кој за него е број еден.

На второто место е добро познато име за македонската јавност, некогашниот тренер на Вардар и екс македонски селектор Веселин Вујовиќ.

Останатите места во Топ 5 се за Магнус Висландер, Ивано Балиќ и Олафур Стефансон.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни