Поврзете се со нас

Европски првенства

Нема место за ѕвездите на Сити и Јунајтед: Саутгејт го одреди конечниот список на патници за ЕП (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/England

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт го објави конечниот список на играчи на кои ќе смета на Европското првенство кое во наредниов период ќе се одигра во Германија.

Саутгејт се реши да повика поголем број на фудбалери, меѓутоа јасно беше дека некои од нив ќе отпадна од листата за да се сведе истата на 26 асови.

Седум имиња беа „избришани“, а меѓу нив се и ѕвездите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, Џек Грилиш и Хари Мегваер. Грилиш ја плати цената за лошата сезона во Сити, додека пак Мегваер не е физички фит, не е подготвен и поради ова ќе го скокне континенталниот собир.

Да посетиме Англија е актуелен европски вицешампион и меѓу главните фаворити за пехарот. Во првата фаза тие ќе ги одмерат силите со Србија, Данска и Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни