Поврзете се со нас

Македонија

Нема крај на турбуленциите: Вардар ќе добие и четврти тренер во неполни три месеци! (Фото)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje

Срѓан Захариевски пристигна во Вардар за да го спасува „бродот кој тоне“, но само два месеци подоцна, популарниот Срле остана без работа по вчерашниот епилог во Битола.

Вардар на драматичен начин загуби во судиското продолжение и ја продолжи серијата без освоен бод во Првата македонска фудбалска лига, а тоа го натера раководството да размислува за нова тренерска промена.

По заминувањата на Гораз Михаилов и Горан Петрески, ова утро стана јасно дека Вардар ќе добие и четврти предводник оваа сезона, откако клубот извести за прекин на соработката со Срѓан Захариевски.

– АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман,максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени, – гласи официјалната објава на „Икс“ профилот на клубот.

Захариевски пристигна во Вардар на почетокот на септември, но по ремито со Гостивар и победата над Тиквеш, следеа шест порази во низа во домашното првенство, вклучувајќи го и оној болниот од вчеравечер во Битола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни