Поврзете се со нас

Италија

Нема крај на проблемите за Пиоли, двајца клучни играчи позитивни на Ковид-19

Објавено

на

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли,  кој засега одлично си ја врши работата, се соочува со нови проблеми во креирањето на составот за следните натпревари.

Од таборот на актуелниотлидер во Серија А потврдија дека двајца клучни играчи на тимот се заразлие со коронавирусоти на нив нема да може да се смета во следниот период.

Станува збор за Тео Ернандез и Хакан Чалханоглу кои добиле позитивни тестови во петокот кога сите играчи биле на задолжителното тестирање.

– Милан објавува дека Хакан Чалханоглу и Тео Ернандез добија позитивни тестови на коронавирусот. Останатите играчи и членови на стручниот штаб се негативни.

– И двајцата се асимптоматски случаи и веднаш ќе бидат ставени во карантин во своите домови. Сите други играчи и стручниот штаб ќе продолжат и ќе се држат до протоколите, -стои во соопштението од клубот.

Милан во недела гостува на „Сардегна Арена“ кај Калјари, а Пиоли ќе може да смета и на новото засилување од Торино,  Меите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни