Поврзете се со нас

Англија

Нема крај на проблемите: Уште една англиска ѕвезда го напушти репрезентативниот камп

Објавено

на

Мартовскиот ФИФА прозорец донесе пријателски средби за најголем дел од светските репрезентации, но иако планот беше да не се форсира, англиските фудбалери им приредија големи главоболки на своите менаџери.

Герејт Саутгејт не можеше да смета на Хари Кејн и Букајо Сака кои пристигнаа да бидат дел од националниот тим, меѓутоа на вчерашниот меч против Бразил, нови повреди заработија уште две ѕвезди.

Кајл Вокер се пожали на болки во задната ложа и ќе биде неизвесен за важните дуели на Манчестер Сити против Арсенал и Реал Мадрид, но покрај Пеп Гвардиола, денеска лоша вест доби и Ерик Тен Хаг.

Хари Мегваер го напушт репрезентативниот камп на Англија поради добиен удар на вчерашниот меч со Бразил, па лекарските тестови ќе утврдат за што станува збор.

Стоперот се враќа во Манчестер и ќе биде прегледан од клупските лекари, по што ќе се знае од каков тип е неговата повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни