Поврзете се со нас

Англија

Нема крај на проблемите: Фудбалер на Манчестер Јунајтед оди на нова принудна пауза

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед сезонава имаше сериозни проблеми со бројот на повредени играчи, а еден од фудбалерите кои имаа ретки можности да се наметна за минутажа беше Антони Марсијал.

Французинот ја одработува последната година од договорот со Јунајтед, а клубот денеска објави дека правел нова операција поради проблеми со препоните, што значи дополнителна принудна пауза.

Марсијал неодамна се врати по паузата поради друг проблем и менаџерот Ерик тен Хаг од него побарал да работи инвидивуално за да ја врати посакуваната физичка форма, за сега да стигне нова разочарувачка вест за сите инволвирани страни.

Предвидената пауза по зафатот ќе трае 2-3 месеци, па ако се знае дека во јуни ќе биде слободен агент, прашање е и дали ќе добие нова шанса да го облече дресот на Јунајтед.

Марсијал дојде на „Олд Трафорд“ од Монако во 2015 година и досега постигна 90 гола на 317 настапи за „црвените ѓаволи“. Последен настап за својот клуб забележа на 9. декември минатата година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни