Шпанија
Нема крај на повредите: Барселона загуби уште еден клучен играч за „Ел Класико“

Барселона вчера киксна на гостувањето во Андалузија и одигра 2:2 против Гранада, или поточно се спасуваше од пораз откако одигра очајно лошо во првите 30 минути.
Каталонскиот гигант губеше со 2:0 и успеа да израмни на 2:2, па иако постигна гол за победа, истиот беше поништен поради офсајд на Феран Торес во една доста проблематична ситуација.
На крајот, Чави мораше да се помири со освоениот бод и истакна дека е разочаран од конечниот исход, но уште поразочаран ќе биде попладенво откако ги слушнал вестите за Жул Кунде.
Французинот вчера побара измена уште во првото полувреме и излезе од игра, а денеска пристигна информација дека го истегнал страничниот лигамент на коленото и ќе мора да паузира најмалку еден месец.
Тоа значи дека Французинот со сигурност го пропушта „Ел Класико“ дербито кое се игра на 28-ми октомври, на кое тешко дека ќе настапи и Френки Де Јонг и Роберт Левандовски. Планот на Барса во претстојните две недели ќе биде да ги залечи повредите на Педри и Рафиња, па тренерот Чави да има повеќе избор во нападот за дуелот со „кралевите“.
Дополнително, Барса објави дека мала мускулна повреда заработил и Ламине Јамал, но првичните прогнози се дека младото крило нема да отсуствува долго од тренинзите.
MEDICAL NEWS | Tests carried out have shown that first team player Jules Kounde has a left MCL sprain. He is out and his recovery will determine his availability. pic.twitter.com/1MDDeEhu8T
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 9, 2023
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 24 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат