Поврзете се со нас

Италија

Нема крај на малерите за Мота: Лошите вести од Колумбија предизвикаа паника во Торино

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfcid

Тиаго Мота направи мал ремонт во тимот на Јувентус во летниот преоден рок, но во ситуација кога очекуваше што побрзо да ги воигра новите фудбалери, тренерот на „старата дама“ се соочи со голем број проблеми од стартот на сезоната.

Честите повреди на клучни фудбалери прват Мота често да коригира и да експериментира во стартната постава, а најновата вест која пристигнува од Јужна Америка не е воопшто поволна за италијанскиот стручњак.

По серијата мускулни повреди на Аџиќ, Гонзалес и Даглас Луиз, најтежок удар за Јувентус досега беше тешката повреда на коленото која ја заработи Глеисон Бремер, но изгледа дека со иста повреда сега се здобил и Хуан Кабал.

Младиот дефанзвиец замина на репрезентативни обврски во Колумбија, но уште на првиот тренинг се пожалил на тешка повреда на коленото, за која се стравува дека е од најлош карактер.

Угледните италијански медиуми откриваа дека Колумбијците утврдиле кинење на предниот вкрстен лигамент, па сега Јувентус како клуб само ќе треба да го потврди тоа со прегледи во Торино.

Ако се оствари најцрното сценарио, Мота ќе остане без уште еден стопер до крајот на сезоната, а тоа ќе значи дека Јувентус ќе мора да пазари уште во јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни