Поврзете се со нас

НБА

Нема крај на малерите: Далас загуби уште еден играч на подолг период

Објавено

на

Фото: https://x.com/dallasmavs

Далас Маверикс сезонава остана без Лука Дончиќ, но неочекуваниот трејд сега е најмал проблем за Џејсон Кид и неговиот тим.

Во меѓувреме, тексашкиот клуб остана без Ентони Дејвис кој дојде од Лејкерс во размената со Дончиќ, како и без првата ѕвезда Кајри Ирвинг, кого го очекува пауза до крајот на сезоната. Во меѓувреме, не е познато кога ќе заврши рехабилитацијата и на Вашингтон, Лајвли и Гафорд.

Најновиот проблем за Далас е фрактурата на раката која утринава ја заработи Данте Егзум и тоа на дуелот со Хјустон, на кој Маверикс не можеа да избегнат пораз.

Егзум сезонава поради повреди одигра само 18 натпревари за Далас, а договорот му истекува по крајот на сезоната.

Поради проблемите со повреди, Далас влезе на дуелот со Хјустон со само девет играчи во ростерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни