Англија
Нема крај на фрустрирачката сезона: Клучен дефанзивец на Гвардиола направи операција на стапалото (Фото)

Пеп Гвардиола ја има најлошата сезона како менаџер на Манчестер Сити и постои голема опасност истата да заврши без освоен трофеј, нешто што е резултат на падот во играта кај неколку играчи, но и големиот број повредени ѕвезди кои пропуштија важен дел од сезоната.
Малерот кој го затера англискиот шампион од стартот на шампионатот продолжува и на средина на сезоната, бидејќи сега на подолг временски рок одново ќе го нема Натан Аке.
Стоперот одигра само 18 натпревари оваа сезона поради разноразни здравствени проблеми, но најновата вест е дека фрустрирачката сезона ја затвора со операција на стапалото.
Со цел да реши проблем кој го прати подолго време, Холанѓанецот решил да направи оперативен зафата, па огромна е веројатноста дека нема да заигра до крајот на сезоната.
– Ова беше навистина фрустрирачка сезона за мене, но сега направив успешна операција на фрактура на стапалото кое ми правеше проблем со месеци, па сега позитивно гледам на иднината! Треба да одморам и да се опоравам, се гледаме наскоро, ви благодарам за поддршката, – им порача Аке на навивачите на Сити.
Nathan Ake has undergone successful surgery on a fracture in his left foot.
Read more ⤵️
— Manchester City (@ManCity) March 4, 2025
-
Балкан22 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
Лига на нации11 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации24 часа
Катастрофалната грешка на Австријците ја најави победата на Србија во Белград (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации11 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)