Поврзете се со нас

Македонија

Нема кошарка и за дамите-одложен стартот на новата сезона

Објавено

на

Овој викенд требаше да се отвори новата кошаркасрска сезона во првата лига во женска конкуренција, но тоа нема да се случи поради целокупната епидемиолошка ситуација во земјата.

Македонската федерација одлучи да не ризикува со оглед на тоа што се зголемува бројката на заболени од коронавирусот во нашата земја, па се реши да го одложи почетокот на шампионатот како што претходно направи и првата лига во машка конкуренција.

Федерацијата соработува со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје и откако ќе се добие позитивен одговор од овие државни здравствени институции ќе се направи план и ќе биде донесена одлука за почеток на натпреварувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни