Поврзете се со нас

Македонија

Нема кошарка: Федерацијата повторно го одложи стартот на новата сезона

Објавено

на

Овој викенд требаше да се вратат возбудувањата во првата македонска кошаркарска лига, но федерација донесе одлука за ново одложување на стартот на новата сезона.

Перо Антиќ и неговите соработници се решија на ваков потег поради фактот што во Македонија секојдневно се зголемува бројот на ново заболени лица од коронавирусот, а КОВИД-19 е присутен и во дел од екипите од првата лига.

Поради тоа федерација одлучи на неодредено да го одложи стратот на кампањата од проста причина што во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек.

Од куќата на кошарката порачаа дека внимателно ќе ја следат состојбата во држатата и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ќе биде донесена за почетокот на натпреварите од првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни