Нема казна за непримерното однесување: УЕФА му прогледа низ прсти на Игуаин (Видео)

iguain-kamp

Италијанскиот првак Јувентус беше надигран од Барселона на вчерашниот дерби меч од првата рунда во Лигата на шампионите. Истиот заврши со резултат од 3-0 со тоа што во позитивна смисла во главна улога беше Лионел Меси со двата погодоци, додека негативецот беше Гонзало Игуаин кој реши да ги почести навивачите на каталонците со непримерен гест при напуштањето на теренот во 87 минута.

Аргентинецот доби свирежи, а неговиот одговор беше среден прст, нешто што го забележаа телевизинските камери, потег за кој можеше да добие казна од УЕФА.

Сепак Европската куќа на фудбалот официјално реши да не поткрена постапа против напаѓачот, односно нема никаква санкција и тренерот Масимилијано Алегри ќе може да смета да него на наредните натпревари.

Facebook Коментари