Поврзете се со нас

Англија

Нема иднина на „Олд Трафорд“: Јунајтед постави цена за продажба на Санчо

Објавено

на

foto:twitter.com/Sanchooo10

Џејдон Санчо имаше добра втора полусезона во дресот на Борусија Дортмунд, клуб во кој се пресели во месец јануари од Манчестер Јунајтед каде влезе во конфликт со менаџерот Ерик Тен Хаг.

Со оглед на тоа што иднината на Тен Хаг е неизвесна и тој може да си замине од Јунајтед, многумина помислија дека Санчо може да добие нова можност ако дојде нов тренер, но „Би-Би-Си“ од свои извори дознава дека офанзивецот нема иднина на „Олд Трафорд“ без разлика на прашањето околу менаџерот.

Имено премиерлигашот сака да се ослободи од 24-годишниот Џејдон за кого бара 40 милиони фунти што е сума која можат да си ја дозволат доста клубови и се очекува жестока трка за неговиот потпис.

Една од опции е да продолжи во Борусија Дортмунд, се споменува и Јувентус…

Англичанецот има договор со сегашниот клуб до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни